Од 25-ти до 27-ми јуни, сите партнери на проектот WISEs4Youth се собраа во Тирана на првата студиска посета на WISEs! По добивањето на 2 обуки за управување со WISE и мерење и управување со нивното влијание, оваа студиска посета им даде можност на младите луѓе од земјите на партнерите да патуваат и да посетат три успешни WISE и да се инспирираат за нивните идни потенцијални социјални бизнис иницијативи. Меѓу посетените претпријатија, беа „Те џони кафе“, Центарот за кулинарско образование и „Фанки кабини“.
Проектните партнери се собраа во Тирана на 27 јуни 2023 година со цел да разговараат за достигнувањата на проектот и понатамошните чекори. Дополнително, се разговараше за претстојните активности како што се имплементацијата и резултатите од WP3 (подготовка на студиски посети), буџетот и фазите за известување.