Достапни се резултатите од проектот #WISEs4Youth!
На 18-ти мај, партнерите на проектот организираа Peer Learning настан на тема „Социјалното претприемништво како двигател на инклузивен раст за младите: Размена на добри практики и зајакнување на локалната поддршка“. Оваа сесија ги собра локалните и националните власти од 5 земји од Западен Балкан, социјални претприемачи, WISE и младински лидери за да споделат знаење, најдобри практики и искуства за тоа како да се изгради посилна поддршка за социјалното (младинско) претприемништво, да се поттикне социјалното влијание, растот и вклучување.
Улогата на WISE во локалната и националната економија, правните рамки во кои тие работат и владините мерки за WISE и развојот на нивните мрежи со фокус на социјалните претпријатија предводени од младите беа истражени.
Проверете ги резултатите, водичот за учење кој ќе ви помогне да организирате такви сесии и евалуацијата од сесијата
