DESIRE- Декларацијата на Шуман : Иницијатива за Ревитализирање на Европа
Целта на проектот е да се подигне свеста кај луѓето и особено кај младите за историската важност и значењето на Декларацијата на Шуман за Европската унија. Целта на проектот е активно вклучување на студенти и млади и приближување на историјата на проактивен и алтернативен начин. Користејќи пристап врсник со врсник (peer to peer) , учениците ќе бидат вклучени во илустрирање и споделување со други млади што е декларацијата на Шуман и која е нејзината улога во конституирањето на заедницата. Подигнување на свеста за заедничкита историја и заедничките вредности и целта на Унијата е да ги промовира мирот и неговите вредности и благосостојбата на нејзините народи преку стимулирање на дебата, размислувања и развој на мрежи.
Главни активности:
- ОНЛАЈН УПРАВУВАЧКИ КОМИТЕТ
- ПОЧЕТОК НА МEЃУНАРОДЕН НАСТАН: Настанот ќе се фокусира на стратегиите што треба да се усвојат за да се стимулира учеството и интересот на граѓаните и младите кон историјата и потсетување на клучните моменти од заедничкото минато.
- ЛОКАЛНА ФАЗА 1: Историски пат.Првиот сет на локални активности се фокусира на потсетување на историјата на ЕУ, нејзините институции и политики
- ЛОКАЛНА ФАЗА 2: Партнерите со млади и граѓани ќе бидат вклучени во 10-месечен план за создавање на визуелен / уметнички производ (аудио нарација, перформанс, видео ..). Предводени од партнери и експерти, кој ќе одлучат за поефикасна алатка за прославување на Декларацијата и за промовирање на вредностите на ЕУ.
- ЛОКЛАНА ФАЗА 3: Мултипликатори на ЕУ. Партнерите и групите вклучени во 2-риот план, ќе ги изведуваат своите настапи низ училиштата, театрите или при јавни настани со цел да придонесат да нивните врсници и граѓани подобро разберат за Унијата, нејзината историја и вредности и да дебатираат за идните предизвици. Тие ќе организираат локални настани за емитување на Шумановата декларација и историјата на ЕУ и вредностите околу нивните заедници.
- КОНЕЧЕН МЕЃУНАРОДЕН НАСТАН: ќе се одржи во Србија по повод годишнината од декларацијата на Шуман (мај 2022 година).