Проектниот тим на “EmploYouth” започна со подготовките за првата онлајн панел дискусија, која е планирана да се одржи овој месец.
На оваа онлајн дискусија е планирано да се зборува за работничките права, потребата на работодавачите, предизвиците при вработување, работнички права за време на Ковид-19 и прекршување на работничките права.
За таа цел проектниот тим е во потрага по модератор односно претприемач со искуство кој би можел да ги пренесе своите знаења на млади заинтересирани на темата.