Во рамки на проектот “EmploYouth” започнаа нарачки и изработка на промотивни материјали. Овие промотивни материјали имаат за цел да ја зголемат видливоста на самиот проект, што ќе придонесе за повеќе млади лица да бидат дел од проектот и проектните активности.
Овие промотивни материјали ќе бидат споделени со лица вклучени во проектот и лица што ќе учествуваат на некои од активностите предвидени во проектот.
Меѓувремено, подготовките за претстојните активности се во тек, што ќе биде можност исто така за промотивните материјали да бидат споделени со учесниците.
Ако сте заинтересирани за проектот или за учество на на некои од активностите и ви се потребни подетални информации, можете да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk