На 5-ти декември, проектните партнери заедно со потенцијалните идни социјални претприемачи од Западен Балкан, се собраа да ги посетат словенечките WISE. Вкупно се реализирани 5 посети во Љубљана и Крањ. Разновидноста на посети беше збогатена за целната група бидејќи беа презентирани неколку модели: социјални претпријатија за работна интеграција, бизнис инкубатор и програми за инклузија. Младите имаа можност да слушаат и да научат како да водат и да го зголемат социјалниот бизнис, истовремено одржувајќи ја социјалната димензија и вработеноста.
Додека пак, на 6 декември, партнерите на проектот WISEs4Youth се собраа во Љубљана за да разговараат за спроведувањето на проектот. Како идни чекори, ќе се одвива соработка за да им се обезбедат алатки на идните социјални претприемачи да го водат својот бизнис и да го направат одржлив на долг рок. Партнерите, исто така, ќе работат на собирање добри практики од WISE, како и препораки што треба да се следат за нивниот развој и просперитет.

