Здружението ИРЗ Тетово, во рамките на своите програмски активности, организира обука на тема: Вештини и литература за примена на информатичко-комуникациска технологија.
Обуката за вештини и литература ќе и помогне на групата да ја подобри својата конкурентност на пазарот на трудот и да ги зголемат своите можности за наоѓање на работа.
Во текот на обуката, посетителите ќе се стекнат со вештини и литература за употреба на дигитални алатки, оперативен систем, употреба на алатки за комуникација и соработка, користејќи соодветни компјутерски програми.
Обуката е планирано да започне на 18.01.2021 година со инфо сесија во просториите на Здружението, со почеток во 18 часот.
Предавач на обуката ќе биде Андријана Томовска, експерт за ИКТ вештини и литература со долгогодишно искуство.
На инфо-сесијата ќе се почитуваат мерките од Владата за заштита од корона вирусот – задолжително носење маска.
Дополнително ќе бидат утврдени термините за часовите.
Обуката е бесплатна. Сите учесници кои што успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за учество на истата.
Сите заинтересирани кои што би сакале да учествуваат на информативната средба треба да се пријават со пополнување на формулар на следната врска: https://forms.gle/nib7ZTB72tfEcWzt6
или на следната емаил адреса : cdi.elena.mk@gmail.com
Основни предуслови за учество се основни познавања на Англиски јазик.
Пријавувањето е отворено до пополнување на групата.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме да контактирате со Елена Серафимовска-Стојчевски на следниот телефонски број: 078 595 747 или е-маил: cdi.elena.mk@gmail.com
