Здружението ИРЗ Тетово, во рамките на своите програмски активности, организира обука за возрасни лица за користење на алатки за комуникација и основни вештини и литература за компјутерско-информатичка технологија. Новиот животен стил и технолошките иновации донесе брзи животни промени, постојано менувајќи ја побарувачката за нови животни вештини и нови квалификации. Со оваа обука оваа старосна група на граѓани ќе има можност да се здобие со олеснета примена на алатките за комуникација и компјутерската технологија, за потребите во секојдневната комуникација.
Обуката е планирано да започне на 20.01.2021 година со инфо сесија во просториите на Здружението на пензионери во Тетово во 12 часот.
Предавач на обуката ќе биде Андријана Томовска, експерт за ИКТ вештини и литература со долгогодишно искуство.
На инфо сесијата ќе се почитуваат мерките од Владата за заштита од корона вирусот – задолжително носење маска.
Дополнително ќе бидат утврдени термините за часовите.
Обуката е бесплатна. Сите учесници кои што успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за учество на истата.
Сите заинтересирани кои што би сакале да учествуваат на информативната средба може да се пријават на следната е-маил адреса: cdi.elena.mk@gmail.com или на телефонскиот број: 078 595 747.
Лице за контакт : Елена Серафимовска Стојчевски
Пријавувањето е отворено до пополнување на групата.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме да контактирате со Елена Серафимовска – Стојчевски на следниот телефонски број: 078 595 747 или е-маил: cdi.elena.mk@gmail.com