На 23 декември 2024 година, во рамки на Мрежата ИРИС беше одржан Националниот состанок во Скопје, Македонија на кој присуствуваа 25 претставници за дискусија на темата „Новите социјални политики и можности“. Настанот беше отворен од координаторот на проектот кој ги претстави клучните активности во рамки на проектот, по што следеше дискусија за новите политики предложени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Главни теми беа зголемувањето на финансиската помош за ранливите групи, новите програми за поддршка на лицата со попреченост, како и иницијативите за интеграција на ромската заедница. Присутните ги споделија своите ставови и загриженост, особено во однос на изводливоста и долгорочниот ефект на предложените мерки. Беше нагласена важноста на зајакнувањето на соработката меѓу граѓанскиот сектор и институциите за успешна имплементација на политиките.
Состанокот заврши со заложба за континуирана соработка, при што заклучоците и препораките од дискусијата ќе бидат споделени со надлежните институции со цел да се поттикне поголема вклученост на граѓанскиот сектор во создавањето и спроведувањето на новите социјални политики.
