На 10 јануари 2025 година, во рамки на проектот ECOWORK+, во Тетово, Македонија се одржа настан со 25 учесници, каде што беа претставени клучните резултати од проектот. Настанот вклучи презентација на Алтките за дигитална обука за обучувачи (Работен Пакет 4), Прирачник за млади (Работен Пакет 3), и аудио визуелни материјали (Работен Пакет 2) како и дискусија за можностите што ги нуди вертикалното земјоделство и одржливото претприемништво за младите.
Учесниците имаа можност да ги испробаат развиените материјали, да разменат идеи и да разговараат за идни можности за примена на стекнатите знаења.
Настанот беше одлична можност за вмрежување и поттикнување на еколошки и иновативни иницијативи. Благодарност до сите што беа дел од оваа иницијатива и помогнаа во ширењето на знаењето за одржливите зелени вештини!
ECOWORK+ продолжува да создава можности за младите и за еко-иновативната иднина!
