Со гордост ви го претставуваме третото издание на SOLIDAR’s Social Rights Monitor кое обезбедува увид во состојбата на социјалните права во различни европски земји. Ова издание известува за 14 земји од Европската унија – Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија; две земји кандидати – Србија и Северна Македонија; и една членка што ја напушти ЕУ во 2020 година, Обединетото Кралство.
Мониторот 2021 се однесува на социјалното влијание низ Европа и искуството со пандемијата Ковид-19. Тоа го прави врз основа на набљудувањата на Националните стратешки групи (НСГ) формирани во секоја од 17 -те земји од страна на член или партнер на СОЛИДАР. Овие групи ја здружуваат експертизата на граѓанските организации, академици и експерти во оваа област и го поддржуваат ова со статистички податоци и научни наоди.
За повеќе информации, погледнете го линкот:
https://www.solidar.org/system/downloads/attachments/000/001/408/original/Social_Rights_Monitor_2021.pdf?1638292164