IO4 – Пилот валидација со 180 претставници на целните групи
Проектот S.O.S Creativity од Еразмус+ програмата е дизајниран да го поддржи развивањето на клучните ИТ способности на возрасни луѓе , со што би им се овозможило користење на ресурси од полето на културата и уметноста, достапни на интернет.
Проектот нуди материјали кои се пристапни, лесни за употреба и кои можат да им помогнат на постарите луѓе во процесот на стекнување нови знаења и компетенции за безбедно, ефективно и ефикасно користење на интернет. Модулите за обука, се категоризирани во следните 5 тематски области: Културна и медиумска писменост, заштита на лични податоци, економски трансакции, онлајн безбедност и дигитален идентитет.
Во изминатиот период, проектните партнери работеа на имплементација на интелектуалниот резултат 4: Пилот валидација со 180 претставници на целните групи. IO4 ја претставува финалната верзија на S.O.S Creativity, заснована на активности за тестирање и валидација. Ги вклучува Упатствата за идна употреба и материјалите креирани на онлајн културните, креативните ресурси креирани во рамки на проектот.
Добиените резултати беа тестирани со целните групи на проектот (онлајн и лице-в-лице) во државите на проектните партнери. Овие активности им овозможија на партнерите да ја тестираат и да ја потврдат содржината, структурата, разновидноста и релевантноста на материјалите за учење создадени во IO3.
Благодарение на повратните информации и резултатите добиени од пилот активностите, партнерите дополнително ќе ги прилагодуваат содржините и материјалите S.O.S Creativity.
Во финалната верзија на S.O.S Creativity, врз основа на активностите за тестирање и валидација, насоките за идна употреба ќе произлезат од материјалите создадени на онлајн културните и креативните ресурси. Насоките ќе се однесуваат и на практични и организациски аспекти, како и на прашања од воспитно-педагошки пристап и содржина.
Упатствата за идна употреба на S.O.S Creativity ќе бидат достапни на ОЕР платформата за понатамошно промовирање, ширење и искористување на онлајн културните ресурси и обука за дигитална свест до сите засегнати страни, заинтересирани страни и пошироката јавност.
За да бидете во тек со нашата работа, посетете ја проектната веб-страна: https://www.soscreativity.eu