S.O.S Creativity Прирачникот за идна употреба на обуката претставува упатство за употреба на исходите и резултатите од проектот S.O.S Creativity и се однесува на практични и на организациски аспекти, како и на прашања од воспитно-педагошкиот пристап и содржина.
Овој документ е наменет за претставници на целните групи на проектот (возрасни со ниски ИКТ вештини, постари луѓе кои мораат да се соочат со онлајн светот со зголемени барања, членови на „екосистемот за образование на возрасни“, понудувачина образование на возрасни (формални и неформални), општата јавност која е заинтересирана за дигитално вклучување, дигитални вештини и компетенции, помагајќи им да ги користат ресурсите за учење на S.O.S Creativity, на ефикасен и ефективен начин. Упатствата за идна обука се засноваат на спроведените активности за време на имплементацијата на проектот, и на наодите од S.O.S Creativity IO4 aктивностите за Пилот и Валидација, спроведени од S.O.S Creativity конзорциумот.
S.O.S Creativity „Прирачник за идна употреба на обуката“, и резимето на документот преведени на сите јазици на проектните партнери, се достапни и подготвени за преземање на OER платформата:
S.O.S Creativity – Прирачник за идна употреба на обуката
Проектот „S.O.S Creativity“, го поддржува развојот на клучните ИТ компетенции за возрасни, дозволувајќи им да ги користат културните понуди и уметничките содржини достапни на интернет на безбеден, ефективен и ефикасен начин. S.O.S Creativity, модулите за обука се категоризирани во 5 тематски области: културна и медиумска писменост, заштита на лични податоци, економски трансакции, онлајн безбедност, дигитален идентитет.
За повеќе информации за S.O.S Creativity, посетете ја проектната веб-страна: