На 23-ти и 24-ти мај 2023 година, се одржжа проектен состанок во рамки на проектот „Net-works“во Торино, Италија. Во текот на првиот ден, партнерите разговараа за дотогаш сработените материјали, разгледувајќи ги неодамна завршените состаноци со експерти, Водичот за надворешна комуникација и конечниот превод на MOOC-от и разговараа за следните чекори на проектот во однос на испораките 5.2.1 Патоказ за одржливост со препораки за политики и 5.3 Долгорочен акциски план.
Партнерите се согласија дека е неопходно да се има заедничка рамка за да се дефинира што е социјална економија или социјални претпријатија за работна интеграција, така што тогаш идентитетот на мрежата може да биде појасен. Подигнување на свеста во овој поглед, и зошто е тоа клучно за мрежите.
Понатаму, партнерите разговараа за финансиско управување и известување, комуникација на проектот и евалуација на активностите на проектот.
Во текот на вториот ден од состанокот, се одржа тркалезна маса во коорганизација со Consorzio Sociale Abele Lavoro во рамките на настанот „Работна интеграција на социјални претпријатија: европска перспектива.
Завршниот состанок на проектот ќе се одржи на 12-13 октомври во Порто.