Здружение Институт за Развој на Заедницата (ИРЗ) спроведува проект BI4SME (Бизнис интелигенција за мали и средни претпријатија) во партнерство со 5 организации од Шпанија, Португалија, Грција, Кипар и Полска.
Во рамки на истиот треба да спроведат минимум 3 интервјуа со бизнис професионалци кои работат на темата односно бизнис интелигенција или анализа на податоци (Data Analysis)
Проектот BI4SME произлегува од амбицијата да се придонесе кон новите предизвици во делот со бизнис интелигенцијата преку развивање на интегрирана стратегија за обука за развој на вештините за деловна интелигенција од страна на малите и средни претпријатија. За да се постигне оваа цел, проектот се стреми да развие курсеви за обука и онлајн платформа за електронско учење.
Главната цел на овие интервјуа е да собере збир на реални случаи каде што бизнис интелигенцијата претставува важен дел во претпријатијата и во исто време ја идентификува моменталната состојба на запознаеност со алатките за бизнис интелегенција кај професионалците од малите и средните претпријатија.
Интервјуата може да бидат одржани онлајн или во живо, и нема да ви одземат повеќе од 30 минути.
Доколку сте заинтересирани ве молиме да не контактирате на нашата официјална е-маил адреса: info@cdi.com