Мрежата ИРИС објавува повик за апликанти за Регионалната социјална академија „Унапредување на човековите права и социјалната вклученост на децата и младите во ризик во Западен Балкан“ што ќе се одржи во Скопје од 24 до 28 ноември 2024 година.
Академијата им нуди на учесниците единствена можност да се стекнат со знаења од разновидните обуки, интегрирајќи пристап заснован на човекови права, со стратегии фокусирани на децата и младите, испорака на социјални услуги и инструменти и механизми за заштита на правата на корисниците. Учесниците ќе присуствуваат на 4-дневна обука која се состои од различни методологии за учење, вклучувајќи предавања, работилници, дискусии и студиски посети.
Сите информации и процедурата за аплицирање можете да ги најдете овде.
Крајниот рок за аплицирање е 01 ноември 2024 година до 17:00 часот.
Сите апликанти ќе добијат информации за прием на Академијата најдоцна 5 дена по завршувањето на рокот за пријавување.
Учесниците кои ќе бидат дел од Академијата ќе добијат сертификати и ќе влезат во Академијата Алумни.
Регионалната социјална академија е дел од редовните програмски активности на ИРИС мрежата, организирани секоја година.