На 12-ти и 13-ти декември 2022 година, во рамките на проектот NetWorks, партнерите се состанаа во Будимпешта на проектен состанок чиј домаќин беше Галилео Прогети. Во текот на првиот ден, партнерите разговараа за најновите случувања на проектот, разгледувајќи ги неодамна завршените сесии помеѓу соработниците. За повеќето учесници, дискусиите беа интересни и корисни бидејќи овозможуваат да се видат сличностите и покрај различните ситуации и да се научат различните пристапи во зависност од членовите и нивните потреби.
Понатаму, партнерите разговараа за MOOC (голем отворен онлајн курс) што се развива во рамките на проектот, како и за други аспекти на проектот. Сесиите беа надополнети со студиска посета на WISE Ízlelő Étterem.
Вториот ден од сесиите беше посветен на размена на знаења со експерти од arbeit plus (Австрија); Kooperationen (Данска) и Réseau d’Enterprises Sociales (RES-Белгија) за создавање мрежи, развој и одржливост.
Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за проектот може да не заследите тука или на нашата фејсбук страница.