Во рамките на проектот ДЕСИРЕ, на ден 24.06.2021 се одржа Тркалезна маса на тема “Sumann’s
legasy” на која учествуваа претставници на граѓански организации, институции и млади од Тетово.
Се разговараше за вредностите на Европската Унија, значењето на Шуманската Декларација,
активностите што се преземени до сега на локално ниво за промовирање на истите, колку луѓето
во Северна Македонија се запознаени со историјата на Европската Унија и нејзините почетоци.
Меѓу присутните се донесе заклучок дека треба да се одржуваат повеќе настани за промовирање
на ЕУ вредностите, да се навраќаме на историјата и младите повеќе да се вклучуваат во
организирањето на настани од ваков тип.