СИГУРНА СРЕДИНА, СИЛНА ОСНОВА : „Истражување и препораки за безбеднаа младинска работа“.
„БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО! Вештини и компетенции за младински работници“ –
Проект Еразмус Плус – 2022-1-HU01-KA220-YOU-000087578
Цели на алатката
Прирачникот „Безбедноста на прво место!“ е резултат на сеопфатното примарно и секундарно истражување во секоја земја партнер на проектот и содржи агрегирани резултати обезбедени од партнерите (деск истражување, фокус групи, дебатни маси). Ова е поддржано со наодите од анкетата со соодветните заклучоци и препораки. Таа претставува моќна алатка која им овозможува на младинските работници да ги прошират своите знаења во однос на емоционалната и физичката безбедност во младинската работа.
Опис на алатката
Прирачникот дава увид и ја презентира ситуацијата во земјите партнери во однос на главните целни групи на проектот: младински работници, професионалци кои работат со млади луѓе и од друга страна младите луѓе кои имаат потреба од физички, емоционално и ментално сигурна средина за развивање на своите вештини.
Прирачникот претставува преглед на извештајот од истражувањето од секоја земја партнер, дизајниран да им даде на читателите преглед на содржината на извештаите на партнерите.
Развиените препораки, заедно со специјално дизајнираната и тестирана обука, ќе обезбедат сеопфатна основа за младинската работа. Онлајн платформата со практични алатки и примери од случаи ќе биде достапна за самостојно учење, поддржувајќи ја работата на младинските работници.
Достапни материјали за преземање:
Safety First! Research and recommendations for safer youth work

