Проектниот тим одлучи да ги сподели контактните информации на заинтересираните млади со тмладинскиот тренер. Целта на оваа одлука беше да му се овозможи на тренерот директно да се поврзе со младите луѓе и да им ги обезбеди потребните насоки и поддршка за да успеат во нивното барање работа.
Тимот кој предходно стапи во контакт со неколку млади лица заинтересирани за учество во проектот, нивните информации ги проследи до младинскиот тренер. По разгледувањето на апликациите и младинскиот тренер состави листа на кандидати кои се заинтересирани за проектот.
Во наредниот период тренерот ќе започне со разгледување и контактирање на потенцијалните кандидати, а подоцна и да одржи средби со истите.