Почитувани,
Здружението Подготвеност за Европа од Скопје, во соработка со Здружение Институтот за развој на заедницата, Тетово и Комората на Мал Бизнис од Скопје, на 17.08.2021 со почетокот во 11:00 часот ќе организира двочасовен настан за бизниси.
Настанот се организира во рамките на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали бизниси“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, имплементиран од Подготвеност за Европа, Скопје, кој има за цел да придонесе кон безбедно онлајн работење на микро, малите и средни бизниси, што би помогнало кон подобрување на нивните практики и зајакнување на самите бизниси.
На овој online настан бизнисите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на проектот и со помош на проектниот тим ќе пополнат претходно изготвен Прашалник за проценка на сајбер ризици во работењето во нивната компанија.
Врз основа на резултатите од прашалникот, проектниот тим за секоја компанија учесник на настанот ќе изготви:
- Извештај за оценка на ризици;
- План за справување со ризиците и
- Препораки за обуки.
За сите заинтересирани компании ќе биде договорен и термин за реализација на менторски сесии со експерт за сајбер безбедност.
Со оглед на тоа што дигитализацијата и дигиталното работење се од големо значење, се надеваме дека оваа тема ќе поттикне интерес кај вас. На настанот може да присуствува по едно лице од компанија.
Настанот ќе се одржи online на ЗООМ платформата.
Сите заинтересирани потребно е да го потврдат своето присуство со пишување на Име, презиме, Име на компанија и телефонски број за контакт на следната е-маил адреса: cdi.marijana@gmail.com или cdi.ema2@gmail.com
Истите ќе добијат линк за вклучување неколку дена пред настанот.
Во очекување на ваш одговор за изразување интерес за присуство на овој настан.
Лице за контакт: Фани Ангелеска тел: 076/270- 702
Маријана Аризанкоска тел: 075/209-876