Почитувани,
Грижата честопати останува невидлива. Сепак, гласот на луѓето што ја даваат таа грижа мора да се слушне.
Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) во соработка со „Европската асоцијација за поддршка на негувателите“ (Eurocarers) ве поканува на партиципативна работилница/вебинар на тема: „Невидливата грижа во Северна Македонија – Од искуство до признавање, глас и дејствување“.
Преку дискусија, практични активности и споделување искуства, заедно ќе ја истражиме реалноста на „неизговорената“ грижа во Северна Македонија : времето и енергијата што таа ги бара, заедничките потреби и предизвици, но пред сè – што е потребно да се промени.
Ако се грижите за член на семејството, пријател или некој што ви е драг, вашето искуство е вредно, а вашиот глас има свое место во оваа дискусија.
Зашто грижата не смее да остане невидлива.
Вебинарот е наменет за индивидуални лица кои се грижат за други (вклучувајќи родители-негуватели, млади лица кои се грижат за други и други форми на лица кои се грижат за други), иницијативи од локално ниво и организации кои активно се вклучени во поддршката и/или претставувањето на неформални лица кои се грижат за други низ Република Северна Македонија како што се организации на пациенти , женски невладини организации, мрежи на волонтери, верски организации, меѓу другите.
