Проектниот тим на “EmploYouth” работи на организација на Тркалезната маса која ќе се одржи во почетокот на месец декември.
Како што веќе објавивме на оваа тркалезна маса е предвидено да присуствуваат претприемачи и претставници на Агенцијата за вработување што би овозможило дискусија, која би помогнала на младите лица да ја согледаат реалната состојба и потребите на работодавачите, како и консултации со самите работодавачи.
Во наредните денови ќе се објави и датумот за оваа тркалезна маса. Ако сакате да бидете дел од истата следете ја нашата веб страна или контактирајте не на нашата емаил адреса: info@cdi.mk