Повик за учесници – Обука во рамки на проектот “MAM DIGI HUB”
Проект: “MAM DIGI HUB” – Поддршка на дигиталното претприемништво за жени, мајки и бизнис едукатори. Проектен број: 2025-1-IT01-KA210-VET-000352350
Проектот има за цел да поттикне развој и зголемување на знаењата кај бизнис едукатори, млади мајки и жени заинтересирани за претприемништво, градејќи ги нивните вештини во дигитално претприемништво, менторство и комуникација.
Целна група за обуката: бизнис едукатори, ВЕТ едукатори (обучувачи од областа на стручното образование и обука), жени заинтересирани за претприемништво.
Обуката ќе се одвива во неколку модули, на англиски јазик, во траење од час и половина, почнувајќи од 16:30 до 18:00 часот:
12 мај: Воведна сесија
14 мај: Дигитално раскажување приказни
19 мај: Анализа на податоци
21 мај: Употреба на вештачка интелигенција во дигиталниот бизнис
26 мај: Дигитален маркетинг
28 мај: Управување со иновативни стартапи
Прашалникот е наменет за пријава на обуката. Податоците собрани преку овој формулар ќе се користат исклучиво за организациски цели поврзани со обуката „MAM DIGI HUB“, во согласност со Европската регулатива 2016/679 (GDPR). Вашите податоци нема да бидат откриени на трети страни ниту користени за комерцијални цели. За дополнителни информации или за остварување на вашите права (пристап, исправка, бришење, ограничување на обработка), можете да не контактирате на: info@cdi.mk. Со пополнување и испраќање на овој формулар се согласувате со обработката на вашите лични податоци во наведените цели.
Сите учесници се стекнуваат со сертификат за учество на обуката во рамки на проектот “MAM DIGI HUB”, Еразмус плус проект, финансиран од Европската Унија.
Детали за обуката и линк за вклучување на обуката ќе бидат испратени до 4 лица кои кои го пополниле формуларот за учество на обуката.
Пополнете го формуларот за учество на обуката до: 07.05.2026
