Денес се одржа онлајн состанок во рамки на проектот CreaS, на кој беше направен значаен напредок. Со реализација започна Работниот пакет 4, кој опфаќа изработка на Каталог на активности од областа на уметноста, како и активности за рециклирање и апциклирање, наменети за стари лица.
Каталогот ќе содржи:
- Активности од уметност за поттикнување на креативното изразување.
- Активности за рециклирање и апциклирање со цел промоција на одржливост преку креативност.
Активностите ќе можат веднаш да ги користат стари лица и едукатори кои работат со возрасни. Исто така, ќе бидат организирани национални работилници на кои стари лица ќе учествуваат и ќе ги тестираат предложените активности.
Следете нè за повеќе информации за проектот и претстојните активности.![]()
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
За да бидете во тек со најновите вести, следете не на Facebook и посетете ја нашата веб-страница!
