На 3ти и 4ти отктомви во Софија Бугарија се оддржа 2риот Транснационален Состанок на конзорциумот на проектот “CreaS”.
На овој состанок беа разгледани суштинските административни прашања за непречено функционирање на проектот. Беше разгледана временската рамка на имплементација и беа дискутирани важни логистички прашања, со што се осигура дека сите партнери се усогласени со административните цели и барања.
Исто така се разгледаа проектните активности извршени досега и сее разговараше за детали и споделување задачи меѓу партнерите поврзани со следните чекори.
Се дискутираше за последните чекори во имплементацијата на водичот “Компас”, кој има за цел да ги вклучи повозрасните во креативно учење и во претприемнички активности.
Проектните партнери разговараа за програмата на претстојниот меѓународен #ренинг во Шпанија посветен на постари возрасни едукатори!
На останокот се зборуваше и за подготовка за имплементација на работниот пакет 4, неговите цели и стратегии.
Беа разгледани активностите за дисеминација и обезбедување квалитет и беа договорени следните чекори за имплементација.
За повеќе информации може да ја погледнете проектната веб-страна: https://www.creativeseniors.eu/
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
