Здружение Институт за Развој на Заедницата (ИРЗ) Тетово, заедно со Aсоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Центарот за младински активизам – КРИК во рамките на проектот “ИРИС Проегрес” на 11.07.2024, Четврток, организира настан за промоција на најдобрите практики за човечки ресурси и социјална вклученост во регионот.
Настанот ќе се организира во концепт на „мини фестивал за човекови права“ како дел од Балканскиот караван кој ќе трае еден ден и ќе се состои од: улични акции, работилници, презентации и културно/забавна содржина.
Меѓу другото, настаните ќе вклучат 3 други регионални претставнички организации кои ќе ги презентираат своите најдобри практики во форма на 10 минутно видео.
Настанот во Скопје ќе се одржи во просториите на Центарот за Младински Активизам КРИК, Ул. Наум Охридски бб, Скопје со почеток од 10.00 часот и предвидено е да заврши најдоцна до 15:00 часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да не контактирате на следниот телефонски број 071-319-316 или на емаил: cdi.zivorad@gmail.com
