Се одржжа и вториот Online панел со наслов “Вработување на млади во време на економска криза”, која беше предводена од претприемач, односно претстваник на компанијата Enter Design, Крешник Идризи.
Претприемачот најпрвин ги кажа потешкотиите со кој се соочуваат во време на криза, предизвиците во ова време за вработување на нови кадри односно млади, начинот на кој државните институции би можеле да помогнат во овој случај а и важноста на слични проекти и невладиниот сектор во ублажување на овие предизвици. Овозможување на повеќе можности за младите а истовремено асистенција со професионални латки и методологија за самите компании. Во овој онлајн панел свој придонес и мислење дадои и младите истакнувајќи ја нивната загриженоста од последиците на економската криза која според нив и тоа како влијае во поцесот на вработување, во условите при вработување, но и во финансискиот аспект. Заеднички и младите и претприемачот присутни на овој онлајн панел дојдоа до заклучок дека вакви слични панели и настани се со исклучителна важност за да се зголеми првично комуникацијата помеѓу младите и претприемачите, да се стигне до една таканаречена златна средина каде што двете страни би биле задовлни од понатамошната соработка.
Овој онлајн панел што траеше повеќе од предвиденото време од 2 часа, заради заинтересираноста од страна на присутните и продуктивните дискусии заврши со соопштување на следните активности, каде што би се дискутирале нови идеи и нови начини а соработка помеѓу овие чинители.