Од 17-ти до 24-ти септември, во Кастелон, Шпанија се одржа работилница во рамки на проектот Животни вештини за социјално вклучување. Во активноста беа вклучени професионалци и обучувачи од секторот за образование на возрасни, експерти кои работтаат со лица со попреченост во партнерските организации. Со цел да и се помогне на целната група во стекнување соодветни животни вештини, работилницата беше клучна за развојот на два многу важни проектни резултати, и тоа:
- Дигитален прирачник со алатки заснован на иновативни методи за учење на животни вештини на ученици со попреченост.
- Создавање на алатки за оценување на подобрувањето на животните вештини кај учениците со посебни потреби во рамките на курсевите за образование на возрасни.
За време на седумдневниот интензивна работилница во Кастелон, Шпанија, професионалци од Северна Македонија, Грција, Шпанија и Италија се собраа со јасна цел: да дизајнираат комплет алатки со активности за работа на „животните вештини“ на лицата со попреченост. .
Распределба на учесниците во групи за време на активностите: Со оглед на тоа што на работилницата беа вклучени учесници од различни профили, приоритет беше даден на создавање на три мешани групи. Оваа стратегија имаше за цел да инкорпорира широк опсег на перспективи и искуства, осигурувајќи дека развиените активности се што е можно поинклузивни и приспособливи.
Создаден прирачник со алатки:
Дигиталниот прирачник со алатки има за цел да биде алатка за поддршка на едукаторите во секторот за возрасни кои работат со возрасни со попреченост кои треба да ги развијат 10-те основни животни вештини идентификувани од Светската здравствена организација (СЗО). За секоја вештина, тимот создаде практични алатки за поддршка што ќе се применуваат во секојдневната работа. Апликациите се водени и нудат практични начини за планирање следење и варијации за индивидуално приспособување на апликациите. Освен тоа, алатките создадени за индивидуални животни вештини може да ги користат и старателите и другите професионалци вклучени во личниот и професионалниот развој на возрасните со попреченост.
До прирачникот со алатки може да се пристапи на следниот линк:
Прирачник за стекнување животни вештини
Создадени алатки за самооценување на стекнати вештини:
Оваа дигитална алатка е развиена за да го процени и мери напредокот на животните вештини кај учениците со посебни потреби кои учествуваат на курсеви за обука за возрасни. Оваа алатка е од суштинско значење за следење на ефективноста на наставата за животни вештини и за правење на сите неопходни подобрувања на образовниот пат. Алатката за оценување е создадена во две верзии, од кои едната е поедноставена за да биде достапна за учениците со пониска когнитивна возраст. Всушност, во многу случаи, когнитивната возраст на лицата со попреченост не одговара на нивната хронолошка возраст и важно е да се земе предвид оваа карактеристика при секојдневната примена на овие алатки.
До алатките за самооценување, во долга и кратка верзија за пониска когнитивмна возраст може да се пристапи на следните линкови: