СИГУРНА СРЕДИНА, СИЛНА ОСНОВА – Препораки за безбедна младинска работа
РЕЗУЛТАТ НА ДЕТАЛНО ПРИМАРНО И СЕКУНДАРНО ИСТРАЖУВАЊЕ спроведено во Унгарија, Македонија и Италија. Содржи агрегирани резултати обезбедени од партнерите (истражувања, фокус групи, кругови на маси). Сето ова е поддржано со резултатите, заклучоците и препораките.
Цели на алатката
Прирачникот дава увид и ја прикажува ситуацијата во земјите партнерки во однос на главните целни групи на проектот: младински работници, професионалци кои работат со млади луѓе и од друга страна, младите луѓе кои имаат потреба од физички, емоционално и ментално сигурна средина за развивање на своите вештини.
Опис на алатката
Младите луѓе се чувствуваат сигурно кога се слушани, препознаени и почитувани. Како што истакна еден од испитаниците во истражувањето: „Безбедноста се состои во поставување на правилните приоритети“. Иако не е секогаш лесно или јасно да се постават вистинските приоритети, оваа идеја може да послужи како водич и инспирација за безбедност во младинската работа. Следните препораки делумно произлегуваат токму од неа: кои се тие приоритети и како заинтересираните страни можат да им посветат доволно внимание? Препораките се формулирани врз основа на професионалните сознанија на партнерите и професионалците кои работеле на овој проект, како и проблемите и дилемите идентификувани во текот на ова истражување. Целните групи на препораките се носители на одлуки и различни актери вклучени во младинската работа: младински работници, фасилитатори, тренери и, се разбира, самите млади. Резултатите покажаа дека менталната безбедност е исто толку важна како и физичката, а на повеќе точки овие два аспекти имаат силна поврзаност. Сепак, има малку повеќе препораки за првата, делумно поради профилот на партнерите, а делумно затоа што темата станува се поважна во последниве години.
Достапни материјали за преземање:
