Проектниот тим на “EmploYouth” почна со планирање на следните активности планирани во рамки на проектот, односно тоа би била тркалезната маса. Бидејќи тркалезната маса треба да биде дискусија помеѓу преприемачи, чинители и млади, проектниот тим започна разгледување на компаниите со кои веќе имаме меморнадуми за соработка, од каде би можело да се дојде до потенцијални учесници на настанот.
Во меѓувреме младинскиот тренер започна со известување на кандидатите во проектот за овие настани и која е придобивката од истите.
Тркалезната маса е предвидено да биде одржана при крајот на месец ноември односно почетокот на месец декември.
За да бидете во тек со активностите и проектот следете ја нашата веб страница, каде редовно го објавуваме напредокот на проектот, и ако би сакале да бидете дел од истиот или да бидете дел од активностите во рамки на пароектот можете истото да го направите на нашата емаил адреса: info@cdi.mk