Подготовките за првата Онлајн панел дискусија во рамки на проектот “EmploYouth” се во тек. Оваа дискусија ќе се одржи онлајн и темата е “Запознавање на младите со работничките права”, која ќе биде дополнение на веќе одржаната младинска работилница, каде претставници од Агенцијата за вработување зборуваа за младите и нивните работнички права.
На овој онлајн панел, ќе се зборува на истата тема но сега од страна на работодавач кој ќе ги сподели своите знаења и искуство на темата за работничките права кај младите. Исто така ќе има можност малку поопширно да разговара со младите за моменталната ситуација, последиците од пандемијата на Ковид-19 и прекршувањето на работничките права.
Се планира работилницата да се одржи при крајот на месец Септември.