Повик за обучувач/и
Институт за развој на заедницата од Тетово за потребите на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2” во соработка со СОС Детско Село од Скопје, отвора ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ/И ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ, со цел градење на капацитети кај млади невработени лица за саморазвој и раст на полето на социјално претприемништво како модерен начин на самовработување и обезбедување простор за нови идеи за социјални претпријатија. Со цел да се зајакнат компетенциите и капацитетите на младите од областа, како и обезбедување на простор за прибирање и имплементација на нови идеи за социјални претпријатија.
ЗА ПОВИКОТ:
Во рамки на активностите, ИРЗ има потреба од ангажирање на :
- Двајца обучувачи со професионално искуство од областа на социјално претприемништво, предавачи со вештини за градење капацитети, со вкупно опфат од 30 учесници преку 2 тренинзи (2 дена обука)
- Обуките ќе бидат поделени во две програми обработени од страна на обучувачите
- Обуката е предвидена да се одржи два дена во неделата од 25.11.2024- 29.11.2024-та година
- Обуката ќе се одржи во просториите на Институт за развој на заедницата (Ул.Маршал Тито 96 Тетово)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ:
- Имплементација на обука за период од 2 дена со опфат од вкупно 30 млади лица;
- Подготовка на програма, агенда, распоред, календар и материјали за обуките на македонски јазик;
- Подготовка на извештај за спроведените обуки и постигнатите резултати на македонски јазик;
- Подготовка на материјали за учесниците на обуките;
- Навремена соработка и комуникација со одговорно лице од Институт за развој на заедницата (Организирање консултативни средби со претставник од ИРЗ за финализирање)
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани коишто сакаат да аплицираат за повикот потребно е да ги
исполнуваат следните услови:
- Компетенции и искуство за градење капацитети т.е компетенции за социјално претприемништво (сертификат, диплома, признание од областа и сл.);
- Најмалку 2 годишно искуство во професионално спроведување на обуки и работилници;
- Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно
разбирливи текстови и пораки за млади; - Докажани способности за планирање, организација и имплементација на
тренинзи од почеток до финално известување; - Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат
различностите; - Ентузијазам, посветеност и претприемачки дух
Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
- Професионална биографија
- Минимум една препорака, референца, портфолио за претходно реализирана обука
- Мотивациско писмо со целите за аплицирање
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ ќе биде споделен во прилог);
- Потпишана изјава дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ ќе биде споделен во прилог).
Апликацијата односно потребите документи се доставува директно до Институт за развој на заедницата (ул.Маршал Тито број 96, Тетово) или скенирани на е-поштa info@cdi.mk или на cdi.elena.mk@gmail.com. Како наслов на електронската порака наведете: ,,Апликација за обучувач за социјално претприемништво YEEP 2″ најдоцна до 05.11.2024 година, до крајот на денот. Пријавите пристигнати по рокот нема да бидат земени во предвид. Пријави се разгледуваат до исполнување на компетенциите.
Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на :
е-маил : cdi.elena.mk@gmail.com
телефонски број : 078 595 747
Лице за контакт : Елена Серафимовска Стојчевски