Младинскиот тренер продолжи со индивидуални сесии, контактирање на нови кандидати кои би сакале да бидат дел од проектот, мониторинг на кандидати кои веќе се во процесот на job shadowing и пракса во релевантните компании, а во меѓувреме пишува и извештаи за напредокот кој го постигнале кандидатите кои веќе ги завршуваат овие процеси.
Младинскиот тренер е многу задоволен од тоа како младите се снаоѓаат во компаниите и како индивидуалните сесии помогнале тие да го изберат правиот пат и професијата која им одговара.
Исто така младинскиот тренер направи неколку средби со претставници од компаниите за да се осигура дека младите навистина напредуваат и дека сет овој напор ќе им служи понатаму да се вработат во нивните компании или други компании поврзани со професијата која е избрана.
И во периодот што следи младинскиот тренер ќе продолжи со исто темпо, контактирање и индивидуални сесии на нови кандидати кои имаат желба да бидат дел од проектот.