На ден 27.07.2021 во рамки на проектот DESIRE, се одржа работилница на Тема “EU from
beginning till now” на која зедоа учество 15 млади лица од Тетово.
На вториот ден од работилницата, учесниците имаа задача да се осврнат на ЕУ во минатото и
сегашната структура. Да направат споредба, а подоцна да дискутираат за она што се изменило и
што всушност е бенефит на членките денес, за да се стане дел од една таква заедница.
Целта на проектот е да се подигне свеста кај луѓето и особено кај младите за историската важност и значењето на Декларацијата на Шуман за Европската унија. Целта на проектот е активно вклучување на студенти и млади и приближување на историјата на проактивен и алтернативен начин. Користејќи пристап врсник со врсник (peer to peer) , учениците ќе бидат вклучени во илустрирање и споделување со други млади што е декларацијата на Шуман и која е нејзината улога во конституирањето на заедницата. Подигнување на свеста за заедничкита историја и заедничките вредности и целта на Унијата е да ги промовира мирот и неговите вредности и благосостојбата на нејзините народи преку стимулирање на дебата, размислувања и развој на мрежи.