Во рамки на проектот „Мојот глас во мојот град“, реализиран од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Центарот за интеркултурен дијалог (CID) и Институтот за развој на заедницата – Тетово (ИРЗ Тетово), а поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, се организира дизајн работилница наменета за млади (16-35 години) и локални чинители заинтересирани за креирање на иновативни дигитални решенија.
Целта на работилницата е преку заеднички и ко-креативен процес да се развие визуелен и функционален дизајн на дигитален интерфејс на дигитална алатка, кој ќе биде едноставен, интуитивен и пристапен за сите корисници.
На работилницата, учесниците ќе ги дефинираат клучните функционалности, изгледот и навигацијата на алатката, со цел младите полесно да ги изразуваат своите идеи и предлози, а општинските претставници да имаат пристап до систематизирани информации и иницијативи од младите.
При дизајнот ќе се води сметка за:
- усогласен визуелен идентитет со младинската публика
- пристапност за сите корисници
- јасна структура на менија и категории
- мобилна и веб-компатибилност
Финалниот резултат ќе биде интерактивен дизајн-прототип кој ќе се тестира и понатаму развива. Преку учество во работилницата, учесниците ќе имаат можност да стекнат практично искуство во ко-креирање дигитални решенија, да развијат креативни и аналитички вештини, да се вмрежат со млади и експерти, како и да придонесат со свои идеи кои може да станат дел од финалниот прототип на дигиталната алатка.
👥 Кој може да аплицира?
- Млади лица од 16 до 35 години
- Младински координатори
- Претставници на граѓански организации
- Сите заинтересирани за дигитален дизајн, иновации и активно учество во заедницата
👉 Работилницата ќе ја води ИТ/дизајн експертот Стефан Костоски
📝 Како да аплицирате?
Пополнете го онлајн формуларот:
https://forms.gle/xXCrdD6Y5jBkSZvW9
📅 Краен рок: 4 мај 2026
📍 Локација: Простории на ИРЗ, Тетово, ул. Маршал Тито бр. 96
📅 Датум: 7 мај (четврток)
⏰ Време: 10:00 часот
👥 Број на учесници: 20 (Учесниците ќе бидат избрани врз основа на принципот „прв пријавен – прв услужен“, односно според редоследот на пристигнување на апликациите.)
📩 За дополнителни информации:
cdi.drilon@gmail.com
📞 076 303 400
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот за развој на заедницата – Тетово (ИРЗ Тетово) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
