Во рамките на проектот YEEP II, Институтот за развој на заедницата успешно реализираше тренинзи за животни вештини и вработливост за ранливи млади лица од Тетово и околните населени места. Активноста имаше за цел да ги зајакне личните и професионалните капацитети на младите и да ги подготви за активно учество на пазарот на труд.
Формирани беа вкупно четири тренинг групи, што овозможи поадаптиран пристап кон потребите, возраста и претходното искуство на учесниците. Преку интерактивни работилници, групна работа и практични вежби, младите работеа на:
- Изградба на самодоверба и самосвест
- Комуникациски и тимски вештини
- Решавање проблеми и донесување одлуки
- Управување со време и поставување реални лични и кариерни цели
Покрај тоа, програмата ги опфати и клучните теми поврзани со вработливост, вклучувајќи:
- Како се пишува CV и мотивациско писмо
- Подготовка за интервју за работа и презентациски вештини
- Разбирање на очекувањата на работодавачите и основните работнички права
- Професионално однесување и етика на работно место
Учесниците имаа можност да симулираат интервјуа за работа, да добијат повратни информации од тренерите и да развијат лични акциски планови за влез на пазарот на труд или продолжување на образованието. Тренинзите придонесоа за зголемување на мотивацијата кај младите, појасна кариерна визија и подобра подготвеност за аплицирање за работни места, практикантство и можности за стручно образование.



