Со задоволство објавуваме дека процесот на менторство за лиценцирање на социјални услуги во рамки на проектот ИРИС Прогресс во Северна Македонија е успешно завршен!
Со поддршка од менторот и под надзор на Институтот за развој на заедницата, четири организации, Bravura Cooperativa (Делчево), СТАНИЦА ПЕТ (Прилеп), Гешталт Центар АСПЕКТИ – Младен Костикј (Скопје) и Љубезност (Скопје), направија значителен напредок во подготовките за официјално лиценцирање на социјалните услуги кои ги нудат.
Во изминатата година, овие организации ги зајакнаа своите внатрешни процедури, ја подобрија документацијата и ги интегрираа принципите на човекови права и еднаквост на родовите во своите услуги. Иако процесот на лиценцирање е во тек, ова достигнување претставува голем чекор кон повисок квалитет и одржливост на социјалните услуги за ранливите групи во нашата земја.
Честитки до сите вклучени!
За повеќе информации за проектот може да ја посетите нашата Фејсбук страница, или да не контактирате на cdi.zivorad@gmail.com
