На 23 јануари 2025 година, Живорад Арсиќ, претставник на мрежата ИРИС, оствари средба со Државниот секретар Фатмир Сабриу во Министерството за социјална политика, демографија и млади, каде што се разговараше за тековните предизвици на граѓанскиот сектор и корисниците на социјални услуги. Оваа средба беше резултат на повеќе граѓански дијалози организирани од Институтот за развој на заедницата, со цел да се истакнат најзначајните проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации и корисниците на социјални услуги.
Разговорите беа насочени кон подобрување на соработката меѓу невладините организации и државните институции, зајакнување на институционалната поддршка и подобрување на пристапот до социјални услуги на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на потребата од инклузивни и ефикасни механизми за поддршка на корисниците на социјални услуги и поттикнување на локалните власти да ги прошират своите програми. Оваа средба претставува важен чекор во јакнењето на дијалогот меѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки со цел подобрување на социјалните политики и услуги.
