Во рамките на проектот Nostra Nova Domus на ден 12.04.2023 се одржа настан со цел да се промовираат активностите предвидени во овој проект.
Проектот е финансиран од страна на германската федерална фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) и има за цел да го поттикне креирањето на енергетски задруги во Република Македонија и искористувањето на сончевата енергија.
На настанот присуствуваа претставници на АВРМ, претставници од ЈУ Меѓуопштински Центар за Социјална работа на град Тетово, професори од локалните средни училишта како и граѓани на град Тетово.
Присутните изразија задоволство што има поттик да се реализира проект кој ќе покрене иницијатива за создавање енергетски задруги како и можноста да се промовира искористувањето на сончевата енергија.
Градот Тетово се соочува со голема загаденост на воздухот и вакви иницијативи би придонеле за подобрување на моменталната ситуација. Знаејќи дека и цените на струјата се во постојан раст овие иницијативи се погодни за граѓаните и од финансиска гледна точка.
Следен чекор од овој проект е организирање на тренинзи за граѓани кои би сакале да формираат енергетски задруги, истите ќе почнат со реализација во месец Јуни 2023.