Во тек е снимањето на кратко-метражен филм во рамки на проектот DESIRE со наслов “EU roots and values”
Целта на проектот е да се подигне свеста на луѓето a особено на младите за историската важност и значењето на Декларацијата на Шуман за Европската Унија. Целта на проектот е активно да ги вклучи студентите и младите во пристапот кон историјата на проактивен и алтернативен начин. Со користење на пристап од врсници, студентите ќе бидат вклучени во илустрација и споделување со другите млади што е декларацијата на Шуман и каква била нејзината улога во конституирањето на Заедницата. Преку кокреирање на уметнички алатки, како видеа, мали театарски претстави, игри, документарни филмови или аудио наративи, партнерите ќе придружуваат некои групи млади во повторното откривање на историјата и во дебатата за европските вредности како меѓукултурен дијалог, мир и солидарност.
Доколку сакате да добиете повеќе информации или да бидете дел од него, контактирајте не на cdi.marijana@gmail.com или на 075 209 876