Институт за развој на заедницата – ИРЗ, присуствуваше на Вториот транснационален состанок во рамки на проектот „MigrArts – Интеграција на мигрантите преку уметност и култура“ кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, која обединува 4 партнери од 4 земји: ARCI A.P.S. – Италија, Ligue de l’enseignement – Франција, Centre for Peace studies – Хрватска, Институт за развој на заедницата – Македонија. Состанокот се одржа во Рим, Италија на 15-16.09.2022 година.
MigrArts е Еразмус+ проект кој има за цел да ја подобри интеграцијата на мигрантите со ставање акцент на нивните културни права, на локално, национално и европско ниво. Проектот MigrArts е наменет ефективно да го поддржи прифаќањето на културните права на мигрантите и да промовира самореализација преку развој на креативни вештини и чувство на припадност. Проектот има за цел да ги поддржи структурите кои работат на културната област, или се задолжени за интеграција на мигрантите да работат заедно во иновативен, меѓусекторски и интеркултурен пристап.
Проектните партнери направија резиме на Проектниот Резултат 1, неговата временска рамка и дискутираа за работната-верзија на извештајот во рамки на проектниот резултат., со фокус на делот за културни права. Состанокот беше можност да се планира имплементацијата на Проектниот Резултат 2 и да се разгледа планот за дисеминација и активностите за дисеминација.
Проектот MigrArts ќе ги постигне целите преку развој на следните проектни резултати:
Проектен резултат 1: Заедничка методолошка рамка за инклузивен и еманципаторски пристап кон мигрантите преку културни и уметнички активности.
Проектен резултат 2: Експериментирање на заедничката методолошка рамка и оперативни препораки за инклузивен и еманципаторски пристап кон мигрантите преку културни и уметнички активности.
Проектен резултат 3: Практичен водич за инклузивен и еманципаторски пристап кон мигрантите преку културни и уметнички активности.
Проектен резултат 4: Модули за обука за подобрување на едукацијата на возрасните во тематските области на проектот MigrArts.