Започнавме со имплементација на проектот EmploYouth. Проектот EmploYouth e финансиран од Youth Alliance, Крушево со поддршка од Фондацијата Ана и Владе Дивац, Србија.
Овој проект се залага за подобрување на информираноста на младите за вработување и работничките права како и активна вклученост на младите на пазарот на труд. Целната група на проектот се млади невработени лица на возраст од 16 до 29 години, младински работници, бизнис сектор, агенцијата за вработување и граѓански организации.
Затоа главна цел на проектот е зголемување на процентот на регулиран работен однос кај младите лица според своите квалификации. Поголема информираност кај младите за активните мерки за вработување и самовработување, зголемување на свеста кај младите за бенефитите од регулиран работен однос.
Во рaмаките на овој проект се предвидени неколку настани:
- 1 Тркалезна маса помеѓу бизнис секторот, млади лица на возраст од 16-29 години, АВРСМ и НВО.
- 1 Младинска работилница за запознавање на малдите со работничките права
- 2 Панел дискусии за активни мерки и можности за вработување и самовработување
- 1 Мини саем за вработување