Во рамки на проектот DESIRE, младите од Тетово подготвија кратко-метражен филм преку кој ги искажаа своите ставови во врска со ЕУ, вредностите и што би значело за нив влез во ЕУ.
Целта на проектот е да се подигне свеста кај луѓето и особено кај младите за историската важност и значењето на Декларацијата на Шуман за Европската унија. Целта на проектот е активно вклучување на студенти и млади и приближување на историјата на проактивен и алтернативен начин. Користејќи пристап врсник со врсник (peer to peer) , учениците ќе бидат вклучени во илустрирање и споделување со други млади што е декларацијата на Шуман и која е нејзината улога во конституирањето на заедницата. Подигнување на свеста за заедничкита историја и заедничките вредности и целта на Унијата е да ги промовира мирот и неговите вредности и благосостојбата на нејзините народи преку стимулирање на дебата, размислувања и развој на мрежи.
Видеото е со наслов: “EU roots and values” и може да го видите тука