Во рамки на граѓанскиот дијалог, на 1ри октомври се оддржа третиот национален состанок на IRIS мрежата, насловен „Што треба да се направи во врска со вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот“, учесниците детално дискутираа за структурните и практичните пречки што им го отежнуваат пристапот до достоинствена работа на лицата со попреченост, како што се недостапни работни места, недоволни услуги за поддршка, ограничен број прилагодени работни позиции и постојана стигма од страна на работодавачите и пошироката заедница.
Дискусијата беше фокусирана на конкретни мерки, меѓу кои поефикасно спроведување на квотите за вработување, развој на прилагодени програми за стручна обука и преквалификација, воведување шеми за прилагодување на работното место, како и посилна меѓусекторска соработка помеѓу граѓанските организации, агенциите за вработување, надлежните министерства и приватните компании, со цел обезбедување одржливо вработување на лицата со попреченост, еднакви можности и поголема социјална инклузија.
