Проект: “Безбедноста на прво место!” Вештини и компетенции за младински работници
Проектот „Безбедноста на прво место!“ се фокусира на професионалните вештини и знаење на младинските работници за обезбедување на физички и ментално безбедна средина за младите.
Младите треба да се чувствуваат и да бидат безбедни за да ги истражуваат своите интереси и ставови. Младинските работници треба да нудат физички и емоционално безбедна средина за развивање на вештините.
Проектни резултати: прирачник за унапредување на бебедна младинска работа, обука за безбена младинска работа, онлајн платформа со корисни алатки и добри практики, достапни за самостојно учење и поддршка на работата на младинските работници. Сензибилизирањето, подигањето на свеста и давањето на практични алатки одат рака под рака во проектот.
Проектни партнери:
Унгарското здружение за експресивни уметности и танцова терапија (IKTE-Унгарија), лидер на проектот, обезбедува знаење и пракса за емоционална безбедност.
Civil Protection Falchi del Salento (Италија) обезбедува прва помош, подигајќи ја свеста за безбедносните прашања, знаење и искуство.
Здружението на институти за развој на заедницата (ИРЗ-Северна Македонија) обезбедува широко и долгогодишно искуство во работата со млади, работејќи со понекогаш емоционално тешки теми и групи.
Резултатите од проектот „Безбедноста на прво место!“ би допринеле директно за квалитетот на младинската работа и бидејќи нема претходно познати и признати примери на ниво на ЕУ, тој е апсолутно нов и иновативен.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100089897045919
https://www.youtube.com/watch?v=1H8Y1Q41zoI&list=PL-A_5wNOs2ZDYal4fKybrkMiZ_31Y_DJE
