Здружение ИРЗ во рамките на своите програмски активности, во соработка со Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) продолжува со реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски заедници во Македонија.
Главната цел на проектот Ностра Нова Домус е да го поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција преку формирање на енергетските заедници и користење на енергија од обновливи извори.
Покрај другите активности, во следниот период предвидуваме две обуки со фокус на инсталација на фотонапоснки централи и користење на уреди кои што користат сончева енергија.
Обуките ќе се одржат во просториите на Граѓански Ресурсен Центар (ГРЦ) кои се наоѓаат на Булевар Климент Охридски 21 во Скопје на 19ти и 23ти февруари 2024 год. со почеток во 10:30 часот и ќе траат приближно 3 часа. Учесниците се добредојдени да го изберат датумот што најмногу одговара на нивниот распоред. Локација на ГРЦ: https://shorturl.at/fDKS4
Трошоците за учесници надвор од Скопје ќе бидат надоместени во висина од 0.15 ЕУР центи по 1 км.
Ве молиме да ја пополните апликацијата во електронската форма најдоцна до 13.02.2024 година, и да го наведете Вашиот претпочитан датум за обуката на следнава ВРСКА. Бројот на учесници е ограничен на 22 лица по обука.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на следниот телефонски број: 070 798 094 (Христина) или на електронска пошта: cdi.hristina.mk@gmail.com
