Денес се одржа редовен месечен состанок на проектниот тим, на кој беа разгледани повратните информации од неодамна реализираните национални работилници. Сите учесници изразија високо ниво на задоволство, како и интерес за понатамошно учество во проектните активности.
Во наредниот период започнува нова фаза од проектот, која опфаќа развој на видеокнига со наслов „From Creative Seniors to Creative Seniors“. Оваа видеокнига ќе претставува практичен дел од каталогот и ќе нуди чекор-по-чекор упатства и инспиративни примери во видео формат.
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
За да бидете во тек со најновите вести, следете не на Facebook и посетете ја нашата веб-страница!
