Вториот транснационален состанок во рамки на проектот ECOWORK+ се одржа на 8 и 9 ноември 2023 година во Бурса, Турција, каде што партнерите дискутираа за напредокот на проектот, клучните предизвици и следните чекори.
Состанокот започна со општ преглед на проектот, и го претстави тековниот статус и клучните достигнувања. Во рамки на Проектниот Пакет 2 – Креирање на тренинг рамка и аудиовизуелни материјали, партнерите разговараа за продукцијата на видеа, PPT презентации и инфографици, при што беше утврден нов краен рок. Дискутирано беше за потешкотиите при снимањето на видеата и интервјуата, а беше договорено сите видеа да содржат унифицирано интро и аутро, логото на ЕУ и дисклејмер.
Потоа се разговараше за важноста на Работниот Пакет 3 – Креирање на Дигитален Прирачник за Млади, кој ќе се базира на веќе подготвените материјали од Работниот Пакет 3, при што беше договорено проектниот партнер ESICA да подготви шаблон за newsletter. Во рамки на Проектниот Пакет 3, партнерите треба да подготват наставни материјали, чија структура ќе биде завршена до 15 јануари 2024, а финалната верзија ќе биде подготвена до 29 февруари 2024.
Во однос на Работниот Пакет 4 – Комплет Алатки за Дигитална Обука на Обучувачи, партнерите дискутираа за содржината на наставните материјали, како и за организирање на завршни настани во декември 2024 година. Беше договорено во мај 2024 година да се одржи состанок во врска со овој работен пакет, како и мобилност во Турција во октомври 2024 година.
Состанокот заврши со евалуација на дискутираните теми, доделување сертификати на учесниците и дефинирање на следните чекори.
