ИРЗ организираше настан za споделување на проектни резултати WIDE “WIDE конференција и работилница за дигитално претприемништво“, во Тетово, Македонија.
На настанот присуствуваа 20 учесници со различен профил: жени претприемачки од рурални области, персонал на женски претпријатија, граѓански организации, понудувачи на образование за возрасни. Овој настан беше можност за презентација на алатките и методологиите развиени за време на проектот.
Настанот ги опфати сите резултати од проектот, платформата WIDE OER (PR1), Прирачникот за рурален претприемачки екосистем (PR2) и обуките (PR3). Учесниците беа многу заинтересирани за проектот и резултатите од проектот кои придонесуваат за зајакнување на дигиталните и претприемачките вештини.
WIDE е проект Еразмус+ финансиран од Европската комисија. Проектот обединува 6 партнери од 6 земји (Италија, Шпанија, Белгија, Република Северна Македонија, Романија и Србија).
За повеќе информации за креативноста на проектот WIDE, посетете ја официјалната веб-страница на проектот: https://wideproject.eu/index.php